Се празнува летна Света Петка, утре Свети Пантелејмон, граѓаните со пресна погача ги посетија црквите во штипско

На колена и со силна молитва, Македонија денеска ја празнува светата предподобна маченица Параскева, позната како летна Света Петка, силната застапница на сите христијани. Со шарени китки, болисек и пресни погачи, граѓаните уште рано наутро ги посетија цркваите во Штип и штипско. Св. Петка е жива, таа и денес правни безброј чуда, помага на луѓето и ги исцелува болните и немкните.

Инаку, Св. Параскева денеска се празнува на секаде низ земјава. Во Штип се празнува во црквата посветена токму на неа во населбата Сењак, како и во селата Калузлија, Сарчиево и Љуботен. Граѓаните масновно уште вчера во предвечерието достојно го пречекаа празникот, а денес со многу љубов го испраќаат и ќе го дочекат следниот празник посветен на Св. Великомаченик Пантелејмон, кој се секогаш пага на 9 август.

Иван Митев, М-Нет