Се одложуваат денешните фудбалски натпревари поради големата трагедија која се случи во Кочани

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Поради големата трагедија која се случи ноќеска во дискотека во Кочани, каде има голем број на загинати лица, а се стравува дека таа бројка ќе биде голема, фудбал денес нема да има.

Официјално се одложуваат сите фудбалски натпревари кои денес требаше да бидат на програмата.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции“, се вели во соопштението на ФФМ.

Дополнително, ќе известиме кога ќе бидат одиграни натпреварите кои денес беа на програмата, со оглед на тоа што доаѓа репрезентативна пауза.

Александар Ванев, М-Нет