
Средношколците од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип повторно може на училиште да одат во тренерки, скинати фармерки, со фризури во боја. Кодексот за облекување на учениците и наставниците не важи веќе, бидејќи Комисијата за дисриминација констатираше дека со истиот се врши индиректна дискриминација на учениците. Директорката, Марија Николиќ вели дека е изнеднадена од ваквата одлука на комисијата, оти како што додава во кодексот само било наведено ученците да бидат примерно облечени.
„Искрено сме изненадени од комисијата за дискриминација според која е донесена одлука дека е направена индиректна дискриминација врз учениците. Ние како училиште согласно Законот за средно образование преку училишниот одбор се укина правилникот за облекување и истиот веќе не е во важност. Во правилникот немаше никаква родова дискриминација, тој се однесуваше само на начинот на кој учениците требаше да доаѓаат на училиште.“ вели Николиќ.
Таа додава дека и покрај одлуките на комисијата сметаат дека учениците треба примерно да се облекуваат за училиште, бидејќи дополнително тоа ќе се одрази и во ниваната идна професија.
„Ние и како медицинско училиште и покрај одлуката на ккомисијата, сметаме дека треба учениците треба примерно да се облекуваат. Бидејќи тоа ќе им се одрази и во идната професија.“ – додава Николиќ.
Штипското медицинско училиште беше едно од првите кои воведоа кодекс за облекување на учениците и наставниците.
Лаура Стојанова М-Нет