Се асфалтира улицата „Рудо“ во штипската населба Леваци, претходно беа заменети водоводната и канализациона мрежа

Се асфалтира улицата „Рудо“ во населбата Леваци во Штип. Претходно на овој потег целосно беа променети водоводната и канализационата мрежа, со што трајно се решија проблемите на жителите од овој дел на градот.
Денеска градежните екипи работат на поставување на новиот асфалтен слој во должина од 340 метри. Станува збор за инвестиција вредна 2 милиони и 900 илјади денари со вклучен ДДВ, што претставува продолжување на инфраструктурно уредување на населба Леваци.

Градоначалникот Иван Јорданов во последните изјави беше истакнал дека во оваа населба се довршуваат градежните актиности со реконструкција на последните улици. Според него, овие активности се во насока на модернизирање на општината и создавање инфраструктура која соодветствува на новото време и современиот начин на живот.

Иван Митев, М-Нет