Се асфалтира крак од ул. „Христијан Карпош“ во Штип, до крајот на летото целосна реконструкција на потегот Леваци – мирјанина црква

Се асфалтира крак од улицата „Христијан Карпош“ во населбата Леваци во Штип. Претходно на овој потег се работеше на подземната инфраструктура – водовод и канализација, изградени беа и нови тротоари, а денес се нанесува асфалтна маса. Како што истакна штипскиот градоначалник Иван Јорданов, до крајот на летото се очекува да заврши асфалтирањето и реконструкцијата на целиот потег низ месноста Бело Брдо. Во наредните неколку дена ќе започне реконструкцијата и на улиците „Рудо“, „АСНОМ“ и „Коле Неделковски“. Со проектот се врши целосна обнова на подземната инфраструктура и коловозите во овој дел од Штип.

Се работи на реконструкција на дел од улиците во останатиот дел од месноса Бело брдо, конкретно во населба леваци. Моментално се работиме на крак од ул. Христијан Карпош на кој претходно се работеше во промена на подземната инфраструктура, водовод, канализација, поставување на тротоарски површини, а денес се нанаесува асфалтна маса. Етапно од улица во улица верувам дека до крајот на летото ќе го изасфалтираме и ќе го изреконструктуираме целиот потег од практично црвените и зелените кули, до мирјанина црква, тоа се неколку населби или месносната Бело брдо, месноста која опфака дел од нас Леваци и од света неедела и дузлачки рид, со коплента промена на подземната инфраструктура и асфалтирање. Верувам дека во текто на денешниот ден овој крак ке биде изасфатлринан и дека следнтие денови ќе се навлезе на улиците Рудо, Асном, Коле Неделковски кои се како останати три улици кои треба комплетно да се реконстурираат во нас Леваци.“, кажа Јорданов

По реконструкцијата на улиците „Рудо“, „АСНОМ“ и „Коле Неделковски“, градежните активности ќе продолжат на потегот од населбата Леваци до црквата „Света Мирјана“. Како што најави штипскиот градоначалник Иван Јорданов, целта е целосна реконструкција на овој дел поради дотраената инфраструктура и отежнатото движење.

,,По завршување на овие три улции, ќе се продолжи со реконструкцијата од нас Леваци до мирјанаина црква, целиот тој потег ќе биде целосно реконструиоран, затоа што е многу амортизиран и имаме потешкотии и отежаното движење ради дупките и дефектите, несоодветнтие инсталации.“, додава Јорданов

Како што дополнително потецираше градоначалникот Јорданов, секоја улица во градот темелно ќе се реконстрруира за да служи на идните генерации. Рече дека повеќе од 1 милион евра се одвоени средства за сите овие населби кои ќе бидат пфатени со целосна реконструкција.

Иван Митев, М-Нет