
Граѓаните во Штип изминатите денови се оставени без вода за пиење и во чад и смрдеа од градската депонија – констатираа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму со низа прашања до директорот на ЈП Исар.
„Во изминативе денови поради поројните дождови имаше прекини во водоснабдувањето на целата теритроија на Штип. Надлежните информираа дека заради заматеноста на водата на ХС Злетовица истата не се обработува и се црпат резервите поради што има прекин. Се поставува прашањето: зошто бунарскиот систем не беше активиран, дали поради неспособното работење на директорите на ЈП Исар во изминатата година и половина бунарите се запоставени и уништени па не постои можност за нивно активирање.“ – прашуваат од ОО на СДСМ Штип.

„Тимот на ЈП Исар не се води од ситните партиски интереси и искривени перцепции на локлани политичари, туку првенствено од интересот на граѓаните на општина Штип. Ваквите хистерични напади кон јавното претпријатие им одат во прилог на политичари кои се заробени во личниот, а не интересот на сите граѓани. Дополнително генерализирајќи ги насатните и користејќи крајно неоправдана панична реторика свесно и намерно ги доведува во заблуда истите граѓани на кои им служи. “ – стоеше во писменото соопштение од ЈП Исар.
Лаура Стојанова М-Нет