Свинското месо поскапо за 10 денари, штипјани купуваат месо еднаш до двапати месечно, јагнешкото им е луксуз

Еднаш до двапати месечно штипјани можат да купат месо од продавница. Тврдат оти економската ситуација во светот ја чувствуваат и тие, па затоа велат месото на трпеза се среќава едвај двапати во месецот. Најчесто купуваат свинско или пилешко месо, додека за говедско и јагнешко речиси и не прашуваат. Велат дека цените се превисоки за нивниот стандард. Според Асоцијацијата на земјоделци, цената на живата мера е покачена за 10 денари за килограм, додека во месарниците поскапувањето изнесува 20 денари за килограм.

Кога е во прашање како го подгтовуваат, тие велат дека периодов најмногу го подгтовуваат со праз или пак пржено во тава. Велат дека така им е и најисплатливо.

Гоце Серафимов, потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци, вели дека моменталната цена на месото изнесува од 115 до 120 денари за килограм со ДДВ. Посочува дека живата мера е покачена за 10 денари, а во месарниците за 20 денари по килограм, но цената сè уште е под нивото на рентабилност.

,,Моменталната цена е 115, 120 денари со ДДВ. Покачена е со 10 денари живата мера, а мислам дека во месарите е покачена за 20 денари килограм. Па сега за сега нема да има покачување, па ке се види. Цената е се уште ниска, дури под рентабилнсота, така е едно две години, така да цената е се уште ниска. Цената треба да биде 140 денари.“, вели Серафимов

Инаку, нафтата според Серафимов е одраз за оваа ситуација, но и останатите трошоци кои ги имаат производителите. И натаму велат дека реалната цена на свинското месо е 140 денари за килгорам

Иван Митев, М-Нет