Свечено пуштено во употреба реконструираното училиште во село Радање

Свечено пуштено во употреба Подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Радање, кое во изминатиот период беше целосно реконструирано. По речиси еден век постоење, училиштето доби нов, модерен изглед, со целосна инвестиција на Општина Карбинци во вредност од девет милиони денари. Учениците, кои денес ја започнаа новата учебна година во обновениот објект, изразија задоволство, истакнувајќи дека сега ќе имаат современи услови за учење и подобри можности за постигнување резултати.

Градоначалникот Виктор Паунов на лицеместо од отворањето, посочи дека оваа реконструкција е направена за само осум месеци. Како што потенцираше со вакво темпо општината ќе се продолжи и понатаму.

,,Од денес започнува со функционирање новиот реконструиран целосно обновен објект, а тоа е ПУ Страшо Пинџур во село Радање. Она што е важно за јавноста е дека после би рекол еден век старо училиште, добиваме еден нов модерен објект кој што е целосна инвестиција на Општина Карбинци во вредност од девет милиони денари. Проект кој што го најавувавме извесно време, успеавме да обезбедиме целосна проектна техничка документација и целосно финансирање кој што е на терет на буџетот на Карбинци и денес за волја на вистината во рамките на предвиденот рок од само осум месеци е успешно реализиран и денес свечено го отвораме и пуштаме во употреба за учениците од село Радање, но и за наставниот кадар кој што ќе работи овде.“, рече Паунов

Директорката на училиштетот Наталија Косотова, посебно упати благодарност до општината за реализација на овој проект, со цел сега деца учат во модерни и современи услови.

,,Нема поубав момент од овој, гледајќи ги среќните лица, пред се на ученциите и на вработените. Знаеме претходно во какви услови работеа и твореа, а сега се создадение едни модерни, современи услови во кои ќе постигнуваат поголеми резултати.“, истакна Костова

Инаку, оваа учебна година општината ја стартуваше со над 400 ученика во вкупно девет подрачни училиште и едно централно во селото Карбинци. Бројот е во континуитет, што значи дека не се намалува.

Иван Митев, М-Нет