
Реконструираната спортска сала во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип денеска официјално беше пуштена во употреба. На свеченоста меѓу присутните беше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со штипскиот градоначалник Иван Јорданов и претставници на Министерството упати честитки до директорот за реконструираниот објект, во кој во иднина ќе спортуваат и рекреираат стотици ученици.
,,Денес во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска, заедно со претставници на министерстовото, сме овде во училишната спортска сала да го означиме старот за спортување во неа, во едни реконструирани услови, кои беа потреба многу години наназад, но благодарение на поддршката на министерстовот за образование се овозможи реконструкција на оваа спортска сала, која за Штип значи многу, затоа што во минатото од неа произлегле многу спортсити, кошаркари, одбојкари од населбата Сењак и околните населби, кои гравитираат до училиштето и верувам дека тоа така и ќе биде, затоа што во посовремени и модерни услови ќе ги мотивираме младите генерации, ученциите да спортуваат, рекреираат, да водат еден здрав живот и навики. Инвестирањето во спортот е инвестирање во иднината.“, вели Јорданов
Како што рече министерката Јаневска од отворањето, реконструкцијата чини 10 милиони денари, а обете спортски сали и оваа во Штип и другата во Карбинци се дел од поголемиот проект на Владата, во која се вклучени реконструкции на 30 спортски сали и изградба на уште 30 нови.
,,Штотуку се враќам од Карбинци, каде што отворивме една спортска сала и сега во Штип ја отвораме втората реконструирана спортска сала, оваа во вредност од околу 10 милиони денари. Потсетувам дека двете спортски сали и оваа во Штип се дел од еден голем проект, кој го спроведува владата, а тоа е реконструкција на 30 спортски сали и изградба на уште 30 спортски сали. Реконструкциајта на салите ја правиме со помош на ЕУ, односно банакта за развој на совет на Европа. Големо е задоволството затоа што сите овие дечиња што овде ги гледаме треба да спортуваат за да можат правилно да се развиваат. И нивното тело, но секако и нивниот дух.“, вели Јаневска
Очекувањата се дека во иднина од оваа сала ќе излезат добри спортсики, како кошаркари и фидбалери, така и ракометари.
Иван Митев, М-Нет