Светски ден без автомобили – колку се возат велосипеди?

Помалку автомобили, повеќе велосипеди. Колку навистина на Светскиот ден без автомобили — 22 септември до посакуваната локација се стигнува пеш или на две тркала? Граѓаните велат дека со задоволство би возеле велосипед секој ден. Дел од нив додаваат дека имаат велосипед и сè уште активно го користат во секојдневието, додека други признаваат дека порано возеле многу повеќе од денес. Сепак, сите едногласно го издвојуваат велосипедот како здраво превозно средство, кое е вистински лек за организмот, придонесува за подобро здравје и има позитивно влијание врз срцето и физичката кондиција.

Инаку, Светскиот ден без автомобили е глобален потсетник за грижата кон сопственото здравје и намалувањето на загадувањето на животната средина.

Ева Тушевска, М-Нет