
Фудбалерките на Каменица Саса без проблеми со 0:4 славеа на Кочани и со тоа обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија кај дамите.
Повеќе од јасно беше дека „рударките“ лесно ќе стигнат до пласман во полуфиналето, бидејќи нема квалитет Кочани со кој би можел да парира на тимот од Македонска Каменица.
Тиверија Брера со 2:0 го доби дербито со Скопје и обезбеди пласман во полуфиналето во најнеизвесниот меч од четвртфиналето.
Топ Гол немаше проблеми да слави над второлигашот Плачковица со 0:9 и со тоа тимот од Битола да се пласира меѓу четири најдобри во Купот на Македонија.
Екипата на Љуботен со 8:1 го декласираше тимот на Ас Јунајтед на домашен терен.
Место во финалето ќе бараат Каменица Саса, Тиверија Брера, Љуботен и Топ Гол.
Александар Ванев, М-Нет