
Повторно пораст во бројот на новозаразени пациенти од ковид 19, истовремено расте и бројот на хоспитализирани. Според извештајот од штипската болница во последните 24 часа новопримени се шест пациенти, дома замнинале три. Со ова бројката на хоспитализиранио е 50 на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, од кои 42 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на на апарати за дишење, а вакцинирани се шест лица. Нема регистрирано починати лица во последното деноноќие, а слободни се 5 ковид кревети и пет за дневна амбуланта, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во Кочани се уште нема хоспитализирано ковид пациенти на Интерното одделение кое работеше како ковид оддел.
Во општините од Истокот моментално активни се 867 ковид случаи. Веќе три општини се со троцифрена бројка заразени пациенти, односно во Штип има активни 298, во Кочани 217 и во Делчево 121 активен ковид случај. Во останатите иопштини бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде има активни 33 однодно 27 ковид случаи.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.
Лаура Стојанова М-Нет