Сала според светски стандарди доби Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Со филмот „Преекспонирано“ прикажан пред публиката во Кочани свечено се отвори новата реконструирана сала во Центарот за култура „Бели мугри“. Завршени градежни работи, електрични и машински инсталации, нови седишта, целосно осветлување, промена на плочки во тоалетите и салите се само дел од втората фаза на реконструкцијата која започна во 2021 година.

„Првата е завршена во 2019 година, а во неа е реконструирана комплетно фасадата, обновени се прозорците и вратите, покриени се двете проодни тераси како и дел од тоалетите. Во втората фаза од реконстукцијата која почна со реализација во 2021 година опфатени се градежни работи, електрични и машински инсталации. Извршена е демонтажа на посточеките седишта во галеријара, на ѕидните облоги и плафонот, комплетно осветлување како и демотажа на старите плочки и санитарија.“ – вели Поп Михаилова.

Финансиските средтсва во висина од 20 милиони денари се обезбедени од страна на Министерството за култура. Новата реконструирана сала е според светски стандарди, потенцираше директорката Михаилова.

„Вкупниот капацитет на салата моментално изнесува 356 столови. Со втората фаза од реконструкцијата вредна 20 милиони денари големата сала доби нов современ изглед според сите светски стандарди и прописи.“ – додава Поп Михаилова.

Првата фаза од реконструкцијата на салата заврши пред четири години, а директорката потенцицараше дека ќе се зголеми бројот на културни настани во Кочани со цел граѓаните да може да ја негуваат културата во градот.

Лаура Стојанова М-Нет