
Во завршна фаза делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и директорот на ЈПДП, Ејул Рустеми, извршија увид на активностите. Според нив, градежните работи веќе завршуваат и граѓаните во следните месеци ќе можат непречено да го користат експресниот пат.
Директорот Рустеми ги соопшти и техничките спецификации на оваа патна врска, а според Министерот Бочварски, ваквите инвестиции во Истокот овозможуваат подобро сообраќајно поврзување за граѓаните.
Иако Ковачевски спомена дека роковите се следат, сепак праксата покажува постојано доцнење. Втората фаза од експресниот пат, од Крупиште до Кочани првично требаше да биде завршена до крајот на претходната година, рокот се продолжи до напролет годинава, а сега се очекува истата да заврши оваа есен, односно во септември. Инвестиционата вредност на оваа патна врска е 46 милиони евра.
Ребека Спасова М-Нет