
Караванот од таканаречениот „Розов октомври“ денеска беше во Штип. Целта е промоција на женското здравје и што значи раната дијагностика во карциономот на дојка. Одзивот за рано откривање на ракот на дојка се уште не е задоволително ниво, но се прават напори да нема празни термини на кои не се појавиле пацинетите.
„Не се работи за превенција се работи за рано откривање. Превенцијата се здравите животни навики, а овде се работи за рано откривањње. Ова е со цел намалување на смртноста и заштеда на пари во третманот на пациентките. Морам да кажам дека одзивот се уште не е таков каков што треба да биде во однос на Европските земји бидејќи е некаде околу 45% од повиканите пациенти. Но се надевам дека во наредниот период се повеќе асимптомкатски пацеинти ќе доаѓаат на скринингот и нема да остануваат празни термини“ – вели Чабуковска.
Пациентките се поделени во две категории асимптоматски и симптоматски со цел подобро да се реагира кога е во прашање раното откривање на ракот на дојка. Со правилно закачување на термините на пациентите нема да има ниту листи на чекање.
„Сите асимптоматски пациенти на возраст од 40 до 69 години одат во скрининг програмата и немаат потреба да се пријават во кабинетот за дојка. На тој начин го растеретуваат кабинетот, а термините се резервирани за дијагностичка мамографија што значи за пациенти со симптоми или за оперирани пациентки“ – додава Чабуковска.
Во шипската клиничка болница на рентген има вработено седум рентген специјалисти, а дневно се на мамографија има од 8 до 10 прегледи.
Инаку, карциномот на дојка во светски рамки секоја година расте за 1%. Генетските фактори се „обвинети“ за 10 до 15% од карциномите, додека останатите причини се епигенетски фактори, како загадувањето, стресот, лошите навики на живот и слично.
Лаура Стојанова М-Нет