
Ристо Танев, поранешен фудбалер и поранешен спортски директор на второлигашот Кожуф од Гевгелија е назначен за нов генерален директор на грчкиот клуб АЕП од Поликастро.
Танев, фудбалската кариера ја започна во Кожуф, настапувајќи за сите младински погони на гевгелискиот клуб, а беше и најдобар стрелец во младинската категории, како и поранешен репрезентативец на Македонија во младинските репрезентации, богата кариера настапувајќи 12 години во Грција, а професионалната фудбалска кариера ја заврши токму во АЕП.
Неговото искуство како спортски директор во Кожуф е големо, тој клубот го издигна максимално, се вложи и клубот го остави стабилен, организиран во сите сегменти, а сега тоа искуство ќе го пренесува и во грчкиот клуб, а целта ќе биде влез од Трета во Втората грчка лига, а АЕП има само бод помалку во однос на лидерот на табелата.
Танев верува дека ќе биде шампион и ќе се врати клубот во Втората лига, како кога бил шампион како играч во сезоната 2002/2003.
Александар Ванев, М-Нет