Риболовот желба за спорт и рекреација кај младите, 18 годишниот Лазар од Штип од мали нозе учи да лови риба

Младиот, 18 годишен Лазар Несторов од Штип од мали нозе оди по реките и гледа како се лови риба. Кај него се раѓа желбата за овој спорт и рекреација, па денеска вели честопати оди на река Брегалница да го помине своето слободно време. Заедно со повозрасните рибари кои овде рекреираат, разменуваат идеи и начини за ловење риба, ама моментално најголем проблем е што нема концесија, па не можат да ловат.

„На река Брегалница овој период е најдобро во населбата Осми Ноември. Јас од порано имав желба да ловам.“ – вели Несторов.

Рибарите мора да имаат републичка дозвола за да можат да ловат риби на река Брегалница во Штип. Согласно последните измени, цената на дозволата е 9000 денари што за голем дел од рибарите е премногу висока. Затоа чекаат да добијат концесија на река Брегалница со што ќе може да ловат без страв, а истовремено да рекреираат и квалитетно да го поминат своето слободно време.

„Поради тоа што Брегалница нема добиено концесија, чекаме да добиеме. Ние имаме формирано здружение, чекаме да добиеме концесија и заради тоа луѓето сакаат да дојдат да се рекреираат на река Брегалница ама мора да извадат републичка дозвола која изнесува 9000 денари.“ – додава Несторов.

Со добивањето на концесија за река Брегалница ќе се одржува реката, постојано ќе се врши порибување, ќе се одржува рибниот фонд во реката, а ќе се издаваат и дозволи со што рибарите слободно ќе ловат риба.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет