
Реми со шест погодоци во Струмица за поделба на бодовите меѓу Брера и Силекс, во рамки на 12. коло на Првата лига.
Гостите од Кратово преку Мартин Мирчевски од пенал го отворија резултатот за водство од 0:1 во 19. минута, но во 44. минута Михаилов погоди за 1:1 на полувреме.
Во вториот дел Силекс дојде до два гола предност откако со три брзи гола до 50. минута стигна до 1:3. Потоа домашниот тим во 63. минута намали на 2:3, а пак во 70. минута Брера Струмица израмни на 3:3.
Во самиот финиш и двете екипи не стигнаа до ситуација за погодок па ги поделија бодовите.
Претходно, од 12. коло на Прва лига се одиграа три натпревари. Струга Трим Лум со сигурни 0:2 го доби тимот на Македонија ЃП во гости, додека пак Тиквеш со 0:2 славеше над Работнички во Скопје, па така тимот од Дебар Маало ја продлабочува резултатската криза.
Екипата на Арсими со 4:2 славеше над тимот на Башкими, па така тимот од Чегране дојде до три големи бодови. Вечерва под рефлектори ќе се одигра натпреварот меѓу Пелистер и Вардар.
Колото ќе се комплетира со одложениот меч меѓу Шкупи и Шкендија, кој е одложен поради европските обврски на шампионот од Тетово.
Александар Ванев, М-Нет