Рекорден број прекршоци – за три дена речиси 2.000 казни на патиштата

Речиси 2.000 сообраќајни прекршоци направени – за само три дена. Брзо возење, возење без дозвола, мобилни телефони зад воланот и минување на црвено – сето тоа го регистрираше полицијата на патиштата ширум државата во последниот викенд од јули. Во засилената акција на МВР, од 28 до 30 јули, полицијата изрече вкупно 1.937 прекршоци.

Од нив, 447 санкции се за неприлагодена брзина, дури 519 за неправилно паркирање, а 186 лица се фатени зад волан – без возачка дозвола.

Казнети се и 117 возачи кои користеле мобилен телефон, 115 лица без сигурносен појас и 99 мотоциклисти без заштитен шлем.

Има и 19 случаи на минување на црвено светло, а 19 возачи биле отстранети од сообраќај поради управување во алкохолизирана состојба.

Според Законот за возила, санкционирани се и 8 технички неисправни и 53 нерегистрирани возила.

Mвр и понатаму апелираат на големо внимани до сите учесници во сообраќајот. Потенцираат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови. Упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за побезбедни патишта.

Иван Митев, М-Нет