Реконструирани санитарните јазли во СОУ „Јане Сандански“ Штип

Продолжува инвестирањето во образованието како едно најважните адути за цврста основа за младите. Со средства обезбедени од буџетот на Општина Штип од околу 2 милиони 340 илјади денари извршена е реконструкција на санитарните јазли во Средното општинско училиште „Јане Сандански“ Штип.

„Во ова училиште се направени претходни инвестиции во реконструкција на спортската сала т.е. подот и осветлување на истата некаде инвестиција во вредност од 2 милиони денари, се направија инвестиции со промени на подови со ламинати, се направија инвестиции во училишни матрејали, проектори, бидејќи мора да инвестираме за нашите ученици“ – изјави Николов.

Обновите кои се случуваат во последните три години се од големо значење за самото училиште, како за учениците така и за целиот наставен кадар.

СОУ „Јане Сандански“ Штип е училиште во кое се обучува ученици со здравствена струка и овде наставата се одвива во најдобар ред. Таа се одвива комбинирано заради мерките и протоколите за заштита од Ковид 19, дел од учениците односно праксата се одвива со физичко присуство, а другиот дел слушаат онлајн предавање. Општина стои во одговорно зад сите образовни институции со цел да се подигне квалитетот и нивото на образование на учениците бидејќи токму тие се иднината на општеството.

Лаура Стојанова М-Нет