
Реализирани 193 настани во изминатата 2022 година во Центарот за култура Ацо Шопов Штип. Половина Штип го има посетено центарот изминатата година, а околу осум ипол илјади граѓани имаат купено билети и пет илјади граѓани имаат купено билети за во театарот. Директорот на Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип со отчет пред граѓаните за сработеното во изминатата година, вели годната ја завршуваат успешно, исполнувајќи го она што беше ветено во месец јануари.
„Беше планирано 200 настани, завршивме со 193, од кои ликовни настани 28, литературни настани 41, музички настани 24, драмски настани со репризи заедно 74, кино проекции 14, два сипозиуми и трибијални настани девет. Опфатени се над 17 илјади граѓани во оваа програма, без настаните од надвор како вчерашниот концерт на музичкиот центар.„ – додава Трајков.
Домот за култура бележи пораст на прихдите за 243% за разлика од минатата година, од кои 178% од приходите од закупнина, а за двојно е зголемена и добивката од продажба на билети. За оваа година оставрени се речиси два ипол миниони денари приходи, а истовремено остварена е заштеда од 269% за месеците од август до ноември споредбено со истиот период лани.
„Дадени ни беа овие проекти и успеавме да ги релазираме сите, санација на санитарните чворови, молерисување на една целина од Центрот за култура, поставување на ламинант, навабка на тонска опрема и компјутерска опрема, ласерски печатари“ – додава Трајков.
Трајков додава дека за првпат е изработена веб страна, задоволни се од годината која е на самиот крај и се надева дека наредната 2023 година ќе биде многу поуспешна.
Лаура Стојанова М-Нет