Расте бројот на жени – жртви на семејно насилство во Штип, за една година се случија три фемициди

Расте бројот на жени и девојчиња во Штип кои пријавиле семејно насилство. Загрижувачка е бројката која се зголемува последниот период. За само една година во Штип и регионот пријавени 109 случаи на семејно насилство, а за нешто повеќе од една година се случија три убиства врз жени. Ако овде се додаде семејното насилство од југоисточниот и пелагонискиот регион бројката се зголемува на 180.

„Конкретно кај нас во Општина Штип, што не беше претходно случај за нешто повеќе од една година се случија три убиства врз жени. Кај нас се пријавени од Штип и од околината 109 случаи на насилство врз жени и девојчиња„ – вели Пеева.

Закони во државата има, но истите треба повеќе да имплементираат во пракса со цел да се заштитат жртвите на семејно насилство. Од друга страна потребно и поголема храброст бидејќи во најголем број случаи жртвите се откажуваат од случајот бидејќи се плашат. За надминување на ваквите појави се вклучува и општината.

„Општината е темелот на создавање на овој систем во кои треба да се вклучат многу институции. Заеднички делувајќи може да се подобри состојбата и да се создаде функционален систем кој кој ќе овозможи подобрување со оваа состојба во која се наоѓаме.“ – вели Јорданов.

Во склоп на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жените денеска во Општина Штип се спроведе панел дискусија со наслов „Емпатија, правда и поддршка за жените жртви на насилство“.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет