Ракометарот на Текстилец, Јован Атанасовски втор најдобар стрелец во есенскиот дел на Првата лига!

Со комплетирањето на есенскиот дел во Првата ракометна лига познати се и најдобрите стрелци во првенството кои се одвојуваат како најдобри стрелци на самата листа.

Штипски Текстилец може да се пофали со двајца најдобри стрелци во топ десет, а сигурно е дека и двајцата ракометари во пролетниот дел ќе водат за најдобар стрелец во Првата лига.

Најдобар стрелец е Адис Салиу од екипата на Јехона кој има 120 постигнати погодоци на 13 натпревари или во просек нешто под десет гола по натпревар, од кои 26 погодоци се од седум метри.

На второто место е ракометарот на Текстилец, Јован Атанасовски кој постигна 112 гола или осум помалку од Салиу, а Атанасовски овие погодоци ги постигна на 13 натпревари и има просек од нешто под девет гола по меч.

Даниел Андоновски е најдобар стрелец на есенскиот шампион Младост од Богданци, а охриѓанецот на 12 натпревари постигна 105 погодоци или во просек речиси девет гола по меч, а Андоновски има меч помалку од Салиу и Атанасовски.

На четвртото место на листата на најдобри стрелци одновно е ракометар на Текстилец, Филип Џинес со 103 гола на 13 места, додека пак Давид Јовчевски од Шампион постигна 100 погодоци на десет меча.

Останатите ракометари имаат под 100 погодоци или двоцифрен број на реализирани погодоци. Илија Пејковски за Партизан постигна 97 гола, а толку има и Мице Шилегов за Вардар Неготино. По 86 гола имаат Горан Лисичков за Партизан и Христијан Ристевски за Преспа, додека пак Илија Димов со 80 гола е десетти најдобар стрелец, а тој е најдобар во редовите на Овче Поле.

Немања Џигеровски со 71 гол е најдобар стрелец на Мулти Есен, а на листата е на 13-тото место, а пак на 14-тото место е Бојан Чакалиќ кој е најдобар стрелец на Македонија ЃП исто така со 71 гол.

Александар Ванев, М-Нет