
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од осмото коло на плеј-офот и шестото коло на плеј-аутот на Првата ракометна лига.
Во рамки на плеј-аутот ќе се одиграат два натпервари. Во Струмица екипата на Астраион ќе игра против Шампион, додека пак ракометарите на Текстилец од Штип ќе гостуваат во Скопје каде ќе се соочат со Аеродром.
Екипите на Партизан и Преспа Вардар во рамки на 6. коло на плеј-аутот ќе бидат слободни.
Во осмото коло на плеј-офот екипата на Овче Поле ќе игра против Македонија ЃП која ќе бида фаворит, Мулти Есенс како фаворит на домашен терен ќе игра против Вардар Неготино. Екипата на Јехона ќе ја пречека екипата на Драчево, а пак во недела Еурофарм Пелистер 2 ќе игра со Скопје.
Александар Ванев, М-Нет