
Ракометарите на Текстилец од Штип елиминирани во Купот на Македонија откако убедливо загубија на гостувањето во Богданци, каде беа елиминирани од фаворитот Младост со резултат од 36:22.
Штипјани не можеа да парират на домаќинот кој во првенството цели кон враќање во Суперлигата.
Радовиш по серијата порази во Суперлигата успеа потешко од очекуваното да слави над прволигашот Јехона во Гостивар со 36:37 и да стигне до група фаза од Купот. После долгата серија порази, за радовишани ова е прв позитивен резултат.
Фаворитите според планот – Прилеп со 40:24 го декласираше Партизан од Гевгелија, Шампион загуби од Куманово со 18:46, во прволигашкото соочување Ѓорче Петров беше подобар со 38:26 од Преспа.
Овче Поле без сили ниту на момент да парира, па тимот од Свети Николе беше декласиран од Еурофамр Пелистер 2 во Битола со резултат 11:46.
Мулти Есенс со 46:24 убедливо го доби Вардар Неготино за следна фаза во Купот.
Александар Ванев, М-Нет