
Петочна навика, разонода и муабет или, пак, потрага по поволни цени и свежи производи. За едни, одењето на штипскиот пазар е можност да ги набават потребните намирници, за други – место за прошетка и дружење, додека трети едноставно не можат да го замислат петок без пазарниот метеж. Особено за повозрасните, пазарниот ден е можност да излезат од дома и да се сретнат со познаници Ги прашавме граѓаните што е она што секој петок ги носи на штипскиот пазар.
Дел од анкетираните признаа дека со години не доаѓале на пазарот, но откако повторно почнале да го посетуваат, веќе не можат да си го замислат петтиот ден од седмицата без да наминат, да прошетаат и да се вмешаат меѓу народот.
Без разлика дали доаѓаат за пазарување, разонода или едноставно од навика, за многумина штипскиот пазар останува омилено место за петочно дружење, но и можност да си заминат со торби полни свежо овошје и зеленчук.
Ева Тушевска, М-Нет