
Работнички помина низ турболентен период во есенската полусезона, но како тргнало ќе го очекува „пеколна“ пролет и за опстанок во фудбалската елита на Македонија.
Клубот од Дебал Маало се раздели со српскиот тренер Ален Тупајиќ, откако двете страни спогодбено се разделија. Тој не се задржа многу на тренерското столче на Работнички, имаше краток временски период да се обиде да го стабилизира клубот, но со пет порази во низа „романтичарите“ ја завршија есенската полусезона.
Раководството на клубот се реши за тренерска промена, но сигурно е дека во тимот ќе има и други промени, ако сака да го задржи прволигашкиот статут и за следната сезона кој со лошите резултати во есенскиот дел е доведен во прашање.
Работнички ќе го добие дури четвртиот стратег, тимот започна под водство на Бојан Марковски, кој го наследи Горан Станиќ, но поради лошите резултати дојде до промена, па на негово место пристигна Алпарслан Ердем, а потоа дојде и до нова тренерска промена откако Работнички се раздели и со Ердем, а беше промовиран на 14 ноември Ален Тупајиќ, а вчера Работнички потврди дека спогодбено се разделува и со Тупајиќ и ќе го добие четвртиот тренер во тековната сезона што е веќе алармантно.
Новиот тренер ќе наследи клуб на претпоследното место со седум бодови со само една победа, со четири ремија и дури 11 порази, а притоа клубот од зоната за директен опстанок има негатива од 12 бодови, а од бараж зоната девет бодови.
Клубот ќе мора многу добро да се реорганизира, ќе мора да се донесет соодветни односно квалитетни засилувања со цел да може Работнички да заигра далеку подобро и да ги добива конкурентите, во секој случај тимот кој минатата сезона се бореше за титула и имаше излез во Европа ќе се соочи со испаѓање во Втората македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, М-Нет