
Македонскиот прволигаш Работнички одигра нов пријателски натпревар во Охрид, а кој го загуби со 0:2 од екипата на Балкани од Косово.
Овој пријателски меч е во рамки на подготовките на „романтичарите“ за квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Ќе треба да се поправат некои работи кај тимот од Дебар Маало за натпреварот кој ги очекува со Торпедо – Белаз од Белорусија.
Косовоскиот тим го отвори резултатот преку Толај, а пак Алберт Диене ги постави конечните 0:2 на мечот кој се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски кариерата ја продолжува во шампионатот на Албанија, каде ќе го носи дресот на прволигашот Фљамуртари. За Алексовски ова ќе биде прво интернационално искуство, а во Албанија оди по разделбата со Работнички.
Низ својата кариерата 30-годишниот голман настапуваше за Македонија ЃП, Вардар, Шкупи, Ренова и последно Работнички.
Македонскиот интернационалец Љупче Дориев се најде во идеалниот тим на 13. коло во шампионатот на Узбекистан, откако постигна победнички гол за неговата Согдиана во дуелот со Хоразм Ургенч во 83. минута од мечот.
Македонскиот фудбалер игра во одлична форма и одново ќе конкурира за најдобар стрелец во шампионатот.
Александар Ванев, М-Нет