Работниците од Баргала потпишаа полномошно за ССМ да ги застапи пред Судот

Пеесетина вработени во штипска Баргала кој добија отказни решенија утринава во Сојузот на синдикати на Македонија, во Штип дадоа полномошно на ССМ за да може да бидат преставени пред судот за оточнување на стечајнаа постапка на Баргала. Од сојузот на синдикати велат ова е последниот чекор кој требаше да го направат работниците, а следно че се чека одлука од Суд.

„Денес работниците на АД Баргала доаѓаа да потпишат полномошно за да ССМ ги застапува пред Судот во Штип за поведувањето на стечајната постапка“ – истакна Весна Кузманова Тодоровска од ССМ.

Пред повеќе од недела дена стотина вработени добија на домашна сдреса отказно решение од компанијата каде што работеле. Оставени без работа, без исплатени плати и без средства за егзистенција вработените чекор  по чекор си ги бараат своите права.

Лаура Стојанова М-Нет