
Веќе две недели работи магнетната резонанца во КБ Штип, откако неколку месеци истата беше расипана. Директорот на болницата, доктор Владко Захариев посочи дека по преземаните мерки и активности апаратот е поправен и ставен во функција. Но, и термините веќе се целосно попленти. Додава дека следниве два месец бројот на термини ќе биде зголемен со цел да се намали листата на чекање за пациентите. На таков начин се очекува стабилизирање на ситуацијата со магнетна резонанца. За две недели се очекува да се пуштат темини и за гастроскопија.
„Магнетната резонанца е моја заложба, да биде што е можно побрзо направена. Сите процедури се завршени и веќе 15 дена таа е во функција. Термините се полни. Во овие два месеци ќе имаме зголемен број на термин со цел да се надмине недостатокот. Се надевам дека за месец два ќе биде нормализирана листата за магнетната резонанца. Завршена е процедурата за рентген апаратот на ортопедија и потпишан е договорот за поправка“ – вели Захариев.
Магнетната резонанца не работеше уште од летото, но како што посочи Захариев главниот фокус беше ставањето во функција. Со поправка на паратите се подобруваат услугите кои КБ Штип ги нуди на пациентите од градот, но и од цел регион. Наредните заложби се во делот на вработување на медицински и немедицински кадар кој недостасува во штипската клиничка болница, со цел да можат да бидат опслужени сите граѓани.