Протест на оризопроизводителите од кочанско, со блокада на патот Кочани Штип си ги бараат правата

Преку протест и блокада на регионалниот пат Штип – Кочани, оризопроизводителите од кочанско си ги бараат своите права. Цената на арпата да биде зголемена од 17 на најмалку 25 денари, а белиот ориз над 50 денари бараат оризарите. Во спротивно тие најавуваат протести секојдевно со блокада на патот Штип – Кочани.

„Ние излегуваме од следните причини, оризовата арпа да биде од 25 до 30 денари. Овие барања се доставени и до Министерството и до Министерот и до Премиерот Заев, за жал ниту сме повикани ниту е разговарано со нас. Сите трошоци се покачени за 80 до 100%“

Револтирани и незадоволни од моментална ситуација во која се наоѓаат производителите на белото злато велат нема да излезат да гласаат на претстојните избори доколку не им се исполнат барањата, истовремено нема ниту да се попишат. Дополнително на проблемот со откупната цена на арпата, велат им стои и ланскиот ориз, а за 15 дена започнува и новата жетва. Ако годинава 30% од нивните се празни односно не засеани со ориз предвидувањата за догидина се дека и до 80% од полето ќе биде празно.

„На гласање нема да излеземе, а нема ни да се попишеме, ние ќе се попишеме како робови во нашата држава“
„Доколку не дојде до решение од страна на Владата за овој проблем народот сам ќе ја земе одговорноста, ќе се организира и секојдневно ќе правиме блокада на патот“

Во денешниот протес нема вмешано политика истакнаа оризопроизводителите, додавајќи дека нивната мак е преголема и дека решение мора да се најде. Ова воедно не е прво блокирање на патниот правец Кочани Штип со протест на оризарите, но резултат се уште за нив нема.

Лаура Стојанова М-Нет