Промовирани 16 доктори на науки на УГД Штип, најголем дел од областа на медицината

Промовирани 16 доктори на науки на УГД Штип во склоп на активностите за одбележување на патрониот празник и 19 години постоење. Најголем дел од промовираните доктори на науки и денеска беа од областа на медицината, односно се во областа на клиничка и базична медицина и стоматологија, еден на факултетот за туризам и бизнис логистика и еден на факултетот за природни и технички науки. Како што истакна ректорот, Дејан Мираковски, интерес за наука има, а тие како универзитет прават напори за подобро образование.

„Ние како институција се трудиме да им овозможиме соодветни услови за истражување, да го поддржиме тоа истражување од сите аспекти, и од ресурси, па дури и материјално да се обезбедат средства за тие истражувања. Јас мислам дека е многу важно да имаме поквалитетен и поголем број на научници кои ќе ги решаваат проблемите“ – вели Мираковски.

Со титулата доктор на науки се проширува знаењето, но и можностите кои ги имаат пред се лекарите. Од областа на медицината од големо значење е да се проширува знаењето ќе кажат новите доктори на науки, и за нив тоа преставува дополнителна стимулација за работа со пациентите.

„Докторирав од областа на радиологијата. Мојата докторска дезартација беше насочена кон следење на онколошките пациенти“

По повод одбележувањето на 19 години од постоењето ба штипскиот универзитет изминатите денови се реализираа низа настани, концерт, ораторски вечери, свечена академија, како и денешната промоција на доктори на науки.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет