
Промовирана седумтомната едиција посветена на Балканските војни (1912–1913) и Македонскиот фронт (1915–1918), чии автори се д-р Оливер Цацков и д-р Анита Илиева Николовска, во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип. Во книгите се обработени историските настани по 1912 година, воените дејствија на Македонскиот фронт и последиците од војните врз македонскиот народ. Преку истражувањето и собраните историски записи, целта е да се зачува споменот за нивните жртви и за страдањата на македонското население.
,,Овој период е клучен по тоа што 1912 година, се руши една епоха османлиската, а потоа како на филмска рента се редат и српското и бугарското владеење. Е токму затоа, оваа едиција со универзитетскиот учебник има за цел да го прикаже овој фронт како наш македонски, бидејќи историографијата е убедена и тврди дека, а и фактите го укажува тоа дека Македонија не доби ништо, но од она што го истражувавме и од она што го запишавме оваа едиција ќе биде и книжевен и историски споменик за сите оние македонци кои го дадоа својот живот и чија пепел се уште е расфлена од Беласица до Охрид и од Криволак до Охрид, кои за жал никогаш нема да ги знаеме нивните имиња. Е токму оваа едиција е посветена на нив“, истакна Цацков
Покрај промоцијата на седумтомната едиција, беше отворена и изложбата „(Не)завршена историја – Визуелни записи“, составена од авторски цртежи на Јована Коцева и историски текстови од проф. д-р Оливер Цацков, а беше прикажан и ексклузивен архивски видео запис од Брегалничката битка, снимен во 1913 година, кој по десетгодишно истражување Цацков го пронашол во Бундесархивот.
,,Малку штипјани знаат дека пешачката патеката, всушност во 12 век била граница меѓу две кралства, српското и бугарското. Овде започнала брегалничката, многу кратка и многу брутална војна и преку оваа изложба преку еден имагинарен сакаме да доловиме како всушност штипјани под нивните прозори го гледаа, го доживуваат оваа за нив нова војна, страв. И како нова додадена вредност на оваа промоција би рекол е екслузивниот видео запис по кој трагав десетина години и конечно го пронајдов во Бундес архивот. Станува збор за краток запис на крвавата брегалничка битка, снимена во 1913 година и е важна оти имаме за првпат видеозапис снимен на овој простор пред 113 години од една страна, а од друга страна во прво лице штипјани ќе имаат можност да видат како изгледала брегалничката битка“, дециден Цацков
Промоторот проф. д-р Андреј Илиев нагласи дека седумтомната едиција претставува значаен историски труд, во кој детално се обработени досега недоволно истражени и објавени факти за Балканските војни, со посебен осврт на македонскиот народ и неговото учество во војните за туѓи интереси.
,,Она што е значајно да го истакнеме во едни гео-политички случувања во европските процеси каде што треба да отвораме поглавје, а не да менуваме историја. Овие двајца автори вложиле голем труд. Навистина можам да кажам дека детално се разработувани доста фактографски и историски елементи кои досега не беа објавени во целост. Значи направен е еден микроисторики проект, значаен во историската наука, одено во многу детали, да се објасната балканските војни, нивното значење, македонскиот народ дека војувал за туѓи интереси и војски, најмалку за своите интереси. Треба да ја знаеме историјата, оти таа секојпат се повторува “ кажа Илиев
Штипската патека претставувала граница меѓу бугарското и српското кралство и место каде што започнала една кратка, но брутална војна.
Ева Тушевска, М-Нет