Променливото време ја загрозува здравствената состојба на хронично болните лица

Променливото време ја загрозува здравствената состојба на хронично болните лица. Симптомите како забрзана срцева работа, главоболки, варијација со крвниот притисок, малаксаност, поспаност, слабост, и намалена концентрација се алармантните знаци за да се посетат матичните лекари. Според специјалистот по семејна медицина, д-р Валетина Митрова во вакви временски промени, хронично болните лица, кои имаат потреба од редовна терапија и те како ги чувствуваат овие драстични промени, кои се одразуваат врз нивното здравје.

,,Во тој случај организмот си има свој механизми за да ја задржи нормалната телесна температура, мегутоа и крвниот притисок во нормала. Тој си прави напори преку своите механизми, де не одржи во еден баланс. Мегутоа оние хронично болните, кои имаат потреба од редовна терапија и те како ги чувстуваат овие драстични промени и се одразува на нивното здравје, со варијација на крвниот притисок, забрзана срцева работа, малаксаност, поспаност, главоболки и општа слабост, намалена концетрација. Секако ако осетат од некои од овие симптоми, кои што го нарушуваат нивното секојдневна активност да се обратат до својот матичен лекар за да добијат соодветна теретман или да добијат соодветна терапија.“, рече Митрова

И понатаму лекарите предупредуваат, хронично болните лица треба редовно да ја зимаат својата терапија, а доколку ситуацијата е полоша, веднаш да ги посетат матичните лекари.

,,Меѓутоа оние кои што немаат здравствени проблеми, треба да прават соодветна хидратација, да го стабилизираат организмот и доколку не дојде до подобрување да побараат стручна помош. Оние што имаат хронични заболувања, редовно да ја зимаат својата терапија.“, додава Митрова

Инаку, променливите температури ќе се задржат до средината на месец август, а деневната температура денес ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во текот на денот променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Затоа лекарите предупредуваат на големо внимание се со цел да не се дојде до несакани последици.

Иван Митев, М-Нет