Пролетни температури при крајот на ноември, утре на места и до 24 степени во Македонија

Пролетни температури при крајот на ноември во Македонија, утре на места и до 24 степени. Како што вели дежурниот синоптичар Вилен Поповски од УХМР, температурите се над просекот за овој период од годината. За М-Нет телевизија, Поповски посочува дека од сабота ќе има пад на утринските температури, кои ќе се спуштат до околу 4 степени, додека дневните ќе достигнуваат до 20 степени. Дополнително заладување се очекува од понеделник, кога максималните температури ќе се движат околу 18 степени.

,,Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интезитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен дозасилен, а наместа во западниот дел повремено силен ветер од југозападен празвец. Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање. Во сабота ќе паднат температурите до 3 степени, но сепак преку ден ќе бидат високи до околу 20 степени максималната, а во недела и понеделник ќе има дополнителен пад и температурата ќе биде околу 18 степени макисмалната.”, кажа Поповски

Поповски потенцира дека и во споредба со изминатите години, температурите деновиве се невообичаено високи за ноември и се над вообичаениот просек за овој период од годината.

,,Во петок температурите ќе бидат до 24 степени максималната наместа во Макеоднија. Значи дека е многу топло за овој период од годината, над просекот. Во однос на просекот, моменталните температури се над просекот за ноември.”, додава Поповски

Променливите, но и невообичаено високите температури за овој период од годината, особено разликите меѓу утрата и дневните температури, можат да влијаат врз здравјето, особено кај повозрасните лица и хронично болните. Се препорачува редовно внесување течности, соодветно облекување и редовно земање на препишаната терапија.

Иван Митев, М-Нет