Производството на ориз преполовен – земјоделците од кочанско со барања чекаат помош од државата

Оризот годинава преполовен надлежните немаат слух за помош – велат оризопроизводителите од кочанско. Од оваа причина одржани се две средби на земјоделците една во Облешево и една во Свети Николе, и усвооени се осум барања кои веќе се испратени до Министерството за земјоделие и Владата. Десет дена ќе чекаат одговор, а потоа ќе се одлучува какви мерки ќе се преземаат,.

„Оризот оваа година е преполовен од следните причини: ненавремено пуштање на вода, недобро менаџирање и болест. Ние неколку години апелираме дека болеста ќе го преполове оризот, за жал надлежните немаат слух. Ние имаме осум барања и очекуваме средба. “ – вели Арсов.

На крајот на жетвата велат дека приноси има од 400 до 450 килограми. Новата сеидба ќе доцни заради временски услови, па Арсов вели ако не добијат помош од државата 50% од нивите ќе останат непосеани.

„Производството е од 400 до 450 килограми, значи преполовено. Со ова производство производствена цена треба да биде од 35 до 40 денари. Еве сега сме на прагот на седибата, со 10 денари производствена цена за пченицата и 8 денари за јачмен верувајте дека 50% од нивите ќе бидат непосеани.“ – додава Арсов.

Не се исклучува можноста за нови протести иако како што вели Арсов се прават напори државата да помогне на земјоделците и преку разговори да се најде заедничко решение за проблемите во земјоделието.

Лаура Стојанова М-Нет