
Продолжи судењето на Ива Михаилова од Кочани, која во октомври минатата година учествуваше во сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а повеќе беа повредени. Михаилова е обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
На денешното рочиште искази даваат очевидец и вешти лица, кои треба да дадат одговори за тоа како се случила несреќата.
Во судницата се присутни семејството на починатиот, негови роднини и оштетените, кои го следат судењето.
Михаилова ја отфрла вината и тврди дека несреќата не настанала по нејзина вина. Одбраната очекува во текот на постапката преку доказите да се утврдат сите околности поврзани со несреќата.
Таа по несреќата побара да и бидат вратени личните документи, одземени како дел од мерките на претпазливост, за да може да продолжи со лекувањето надвор од земјава. Барањето беше одбиено од Основниот суд во Кочани, а одлуката ја потврди и Апелациониот суд во Штип.
Судењето продолжува со изведување на доказите.
Судењето се одложи за 28 септември
Иван Митев, М-Нет