
На денешната вонредна Владина седница Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава по катастрофата која се случи во Тетово и во која изгоре модуларната ковид болница. Со едноминутно молчење и се оддаде почит на жртвите од пожарот. За деновии на жалост се прогласени денес, утре и задутре и тоа време знамето ќе биде на пола копје. Истовремено од Владата апелираат до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.
Во модуларната болница хоспитализирани беа 26 пациенти, починати се 14 и нивните тела се предадени на обдукција, а останатите 12 се на лекување во болницата во Тетово, информираат од Министерството за здравство. За овој немил настан сочувство до семејствата на загинатите пациенти пристига од сите страни. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи истакна дека кога ќе се добијат официјалните информации за идентитетот на починатите лица ќе се интервенира до нивните семејства. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на твитер истакна дека Србија е подготвена да обезбеди братска помош до семејствата на жртвите од пожарот, изразувајќи сочувство до семејствата на починатите и брзо закрепнување на оние кои се на болничко лекување. Најдлабоко сочувство испратија и од ЕУ. За сега се уште остануваат не познати причините за предизвикувањето на пожарот во модуларната болница во Тетово.
Директорот на Клиничка болница Штип, доктор Ален Георгијев во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека овдешните хоспитализирани пациенти се безбедни, бидејќи модуларната болница во Штип е поставена по европски стандарди. Тој додаде дека повторно ќе се консултира со фирмата изведувач и дополнителни информации ќе има во текот на наредните денови.
Лаура Стојанова М-Нет