Пробиен 33 – километарски пат кон армискиот полигон Криволак

После најавата од пред 6 месеци на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска е успешно завршена првата фаза од пробивањето на 33 – километарскиот пат до армискиот полигон Криволак. Преку огромниот труд и напор кој е вложен од страна на генерал штабот и посветеноста на инжињерците, Криволак станува лична карта во НАТО – вели Шекеринска. Истиот добива пристап од две страни, односно е отворен кон север од кај местото „Пенуш“ кај Штип. Со тоа се исполнува една стратешка цел полигон како Криволак да може да биде подостапен и многу посреден за сите кои сакат да изведуваат вежби овде. Средствата за одвивање на овој проект се сопствени без помош од странски фирми, па според министерката за одбрана, заштедата е околу 9 милион евра. Со исплата на дневниците на инжињерците, пари за храна и гориво, овој полигон доби сосем нов лик за 1 милион евра, за разлика од пресметките кои водеа до 10 милиони евра доколку стануваше збор за странска фирма. Армијата на Република Севрена Македонија, т.е. НАТО армијата, има со што да се пофали и има резултати од својата работа – истанка Шекеринска. Исто така, во тек се работите одличните патишта до Криволак да бидат обезбедени со дренажи со вода и со дополнителни материјали кои ќе и дадат долговечност. Предвидена е фиансиска подршка  во еден дел од истите од Американската армија, но почетокот е со наши ресурси и наши вложувања. Се очекува наредната година на армискиот полигон Криволак да се изведе вежба со армијата на САД и неколку други армии од соседството, и да им се покаже направеното за само 12 месеци.

Лаура Стојанова М-Нет