
Денеска пристигнува чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Со литија и свечен пречек, верниците и свештениците од Брегалничката епархија ќе ја дочекаат чудотворната икона на мајката божја владичица и скоропослушница. Монастие оттаму ќе ја предадат на овдешните свештеници со цел таа биде закрила и заштита на Штип. Иконата, која за првпат доаѓа во градот од манастирот Хиландар, ќе биде пренесена низ градските улици, а потоа поставена во црквата „Свети Димитриј“ во Ново Село за поклонение на верниците.
,,Оттука ќе се формира литија и заедно со иконата и верниот народ кој го повикуваме масовно да присуство ќе ја однесеме до храмот Свети Димитриј во Ново село, каде што ќе остане на поклонение и радост на сите наши браќа и сестри на сите христијани кои со вера ќе доагаат и ќе се молат на мајката божја. Таа икона на пресвета Богородица Троеручица ќе остане постојано овде во Штип, како што е копијата од иконата на Светиот Нектариј Егински во црквата Иларион во нас. Железничка.“, кажа Јанев
Јанев се осврна и на потеклото и значењето на иконата Троеручица, објаснувајќи ја нејзината длабока духовна симболика и предание. Според него, оваа икона со векови сведочи за чудото што се случило на Светио Јован Даманскин.
,,Иконата Богородица Троеручица, кога ке ја видете ма уште една рака изобразена. Имено коа свети Јован Даманскин пишува пофални песни и за Богородица, му ја отсекле раката незнабожците и тој раката ја зел и ставил на иконата, велејки мајко ете јас повеќе не можам да пишува. Паднал во длабок сон, а кога се разбудил бидел дека раката му е исцелена а пак на иконата се појавиле третата рака.“, додаде Јанев
Верниците се повикуваат масовно да присуствуваат на свечениот пречек и литијата во Штип. Од црквата упатуваат повик сите кои имаат можност да дојдат, да се поклонат пред иконата и да земат учество во молитвата.
Иван Митев, М-Нет