Примопредадена функцијата претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Карбинци

Свечено назначување на новата претседателка на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Карбинци, Гордана Барбашка. Примопредавањето го изврши претходниот претседател, актуелен градоначалник на Општипна Карбинци, Виктор Паунов, кој на Барбашка и’ посака успешна и макотрпна работа со цел уште поголеми успеси и уште подобри резултати на општинскиот комитет.

„Јавно и’ честитам на изборот и и’ посакувам многу успех, многу макотрпна работа. Се надевам дека ќе продолжиме во онаа насока во која работевме изминативе четири години, а тоа е успех на секои избори коишто ни следат. Во очи и на парламентарни избори, кои би требало да се случат многу скоро, се надевам дека ќе продолжиме како и до сега. ВМРО – ДПМНЕ од Карбинци е стожерот на партијата во овој дел каде го водиме на високо ниво, со извонредни резултати во последните неколку изборни циклуси, така што се надевам дека ќе продолжиме и понатаму мотивирани и обединети со една позитивна енергија во членството“

Новата претседателка, Гордана Барбашка, порача дека општинскиот комитет ќе продолжи со истото темпо да цели кон високи резулатати. Целта на нејзиното раководство ќе биде проширување на членството и уште понатамошни и поголеми успеси на општинско ниво, во склоп на партијата.

„Официјално ја презедов функцијата претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Карбинци. Сметам дека се движиме во вистинска насока, ќе продолжиме со истото темпо, сплотени и обединети со заеднички цели да постигнеме високи резултати. Сметам дека и во изминатите неколку години општинскиот комитет се движеше во вистинска насока во вистински правец. Работеа чесни луѓе коишто си ја сакаат партијата. Ќе се движиме во тој правец за да го обединиме, сплотиме и прошириме членството“

Барбашка доаѓа од потпретседателското место на општинскиот комитет, на кое беше од 2019 година. Активен член на партијата и на Унијата на жени е од 2010 години, а од 2018 беше секретар на општинскиот комитет.

Ребека Спасова М-Нет