Претседателот Стево Пендаровски во промоција за заштита на работничките права

И покрај корона-кризата, не смееме да потфрлиме во заштитата на работниците и нивните права. Ова е децидниот став на таткото на нација Стево Пендаровски, кој денес во Штип ја истакна потребата од соработка меѓу државата, бизнис секторот и граѓанскиот сектор. Потребна е интензивна дебата за носење на решенија кои не смеат да бидат на штета на работникот, рече меѓудругото Пендаровски во совоето обракање на четвртата Текстилијада. Според  Пендаровски  во време на пандемија  предизвиците со кои се соочуваа економијата се уште поизразени. Затоа е клучно да се одговорат прашањата и да се барат решенија  посебно во сегментот на работничките права и нивната заштита. Претседателот на Р.С.Македонија,  Стево Пендаровски денес го откри споменикот на текстилниот работник. Во рамките на  претпоследниот ден од манифестацијата Текстилијада, говореше в.д.градоначалникот Јане Миланов. За продуктивноста на работникот  на која и предходи лична сатисфакција, за незаменливата вредност на човечкиот капитал вредноста, за поволната бизнис клима која може да привлече и задржи инвеститори кои ќе отворат  работни места, неопходен е социјален дијалог преку кој сите засегнати страни ќе дадат придонес  за интересите на целата заедница. Ковид 19 најмногу ги погоди работниците во нископлатените  и трудоинтензивните  дејности. Короната  не е вирус  на еднакви можности, најмногу ги погоди работниците кои секојдневно ги губат работните места, беше истакнато меѓудругото на денешната плодна  дебата  насловена како „Работничките права за време на корона“.

Маре Стоилова М Нет
Игор Зиврев М Нет