Прес на советничката група на СДСМ: Нема мерки за подобрување на квалитетот на образованието

Нема мерки за подобрување на квалитетот на образованието во Штип, истканаа денеска на прес конференција од советничката група на СДСМ и коалицијата. Како што посочија од таму училиштата формираат паралелки со помал број на ученции, а предизборно се почесто има огласи за вработување во образованието.

„На една недела пред почетокот на учебната година, со жалење можеме да констатираме дека на повидок нема ниту една мерка, ниту програма со која би се подобрил квалитетот на образованиот процес на територијата на Општина Штип. Додека сите училишта бележат намален број на ученици и пројавуваат потреба за формирање на паралелки со помал број на ученици од законскиот, предизборно бевме сведоци на голем број огласи за вработување токму во образованието“ – вели Рогожарска – Поповска.

Од СДСМ и коалицијата истакнаа дека не и во основниот Буџет на општината не се предвидени средства за обнова и санација на училиштата.

„Програмите за работа на основните и средни училишта продолжуваат да бидат формален документ. Во изминатите неколку години локалните власти покажаа дека немаат слух за она што значи капитални инвестиции во образованите институции на територија на Општина Штип, за што говори и фактот дека во основниот Буџет на општината не се предвидени средства за обнова и санација на училиштата“ – додава Рогожарска – Поповска.

Денеска на 66 седница на советот на Општина Штип сите основни и три средни училишта побараа дозвола за формирање на паралелки со помал број на ученици од законски предвидениот.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет