
Павел Иванов, претседателот на ОО СДМС Штип, на денешната прес-конференција постави прашања за транспарентноста и начинот на доделување на јавните набавки и тендерите во Општина Штип.
,,Денес поставуваме прашања за начинот на кој се трошат парите на граѓаните преку јавните набавки и тендерите во Општина Штип, под раководство на ВМРО ОКГ, и Иван Јорданов. Бројките од јавно достапните информации отвораат сериозни прашања за конкуренцијата, транспарентноста и начинот на доделување на јавните договори. Ги повикуваме и надлежните институции да ги испитаат овие јавни набавки и доделувањето на договорите. Јавните пари не се партиски пари. Општината не е приватна фирма на ВМРО ОКГ,а тендерите не смеат да бидат привилегија на неколку избрани компании”, изјава Иванов
Иванов во своето обраќање упати порака до надлежните институции.
Ева Тушевска, М-Нет