Прес конференција на СДСМ Штип: Семафорите не рработат повеќе од една недела и се создава хаос

Повеќе од една недела не работат семафорите во Штип, а раскрсницата е небезбедна и за возачите и за пешаците истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Посочуваат дека Локалната самоуправа не може да го одржува ниту она што СДСМ го изгради.

Граѓаните од овој дел на градот реагираат дека раскрсницата е многу фреквентна, а не е безбедна ниту за возачите ниту за пешаците. Додека беше СДСМ на власт , со идејно решение кое се покажа како највезбедно и најпогодно , се реши сообраќајниот хаос на овој дел со реконструкција на раскрсницата и поставување на семафори. Очигледно е дека Јорданов и Дпмне не можат ни да го одржуваат она што СДСМ го изгради. Нерегулираната раскрсница е закана по безведноста на учесниците во сообраќајот , додека локалните власти си играат со трпението на граѓаните и не превземаат ништо. Револтот кај граѓаните е голем поради Сообраќајниот хаос и небезбедните улици кои ги има и во централното градско подрачје . Наместо реализацијата на ветувањата, ВМРО ДПМНЕ и Јорданов создадоа катастрофа , сообраќаен хаос и небезбедни раскрсници.

Од Општина Штип посочија дека е зголемена фрекфентноста на оваа крстосница и за да се избегнат големите колони и метеќ сообраќајот се регулира со помош на знаци.

„Поради градежните активности на булеварот “Партизанска” изминатите недели фреквентноста на возилата на крстосницата во населба Сењак е зголемена, а бидејќи семафорите се темпирани на помала фрекфенција на возила, за да се избегнат големите колони и сообраќајниот метеж, сообраќајот на крстосницата се регулира со сообраќајни знаци. Наредните денови ќе биде овозможен за сообраќај и патот кој води до булеварот со што повторно ќе се активираат семафорите на оваа крстосница“ – велат од Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет