
Новогодишни пакетчиња пред празниците подели пратеникот Никола Мицевски на Детското одделение при Клиничка болница Штип. Посака здрава година и помалку мали пациенти на ова детско одделение, делејќи им скромни подароци за да се родат насмевки и на нивните лица.
„Денеска сме во контекс на новогодишните и божиќните празници во посета на детското одделение во КБ Штип. Посакувам многу здравје за сите дечиња кои се тука.“ – вели Мицевски.
Благодарност упати и началникот на Детското одделение при Клиничка болница Штип, бидејќи преку ваков гест се покажува почитта кон најмалите кои пред празниците се во болница.
„Благодарност од донирањето на пакетчињата на Детското одделение во КБ Штип, нашите мали пациенти ќе бидат благодарни и се надевам дека новата година ќе биде здрава.“ – вели Донева.
Во моментот на Детското одделение при КБ Штип има хоспитализирано девет дечиња, а најчесто станува збор за акутни болести на респираторниот систем.
„Моментално има девет деца хоспитализирани на Детско одделение, кај нас е пофрекфентно, децата не се задржуваат подолго време, обично по неколку дена. Тоа се акутни болести, респираторен вирус“ – вели Донева.
Детското одделение при КБ Штип е опремено и е усогласено за потребите на најмладите пациенти.
Лаура Стојанова М-Нет