
Светилки, елки и лампиони ги разубавуваат штипските домови во пресрет на Новата година. Граѓаните велат дека празничното украсување е традиција што носи радост и предновогодишна еуфорија. Без разлика дали украсите се нови или од минатите години, важно е домот да зрачи со празнична атмосфера. Особено за децата и внуците, новогодишниот амбиент има посебно значење. Најважно, додаваат, е семејството да се собере заедно и да ја дочека Новата година.
Но на новогодишните украси не им се радуваат само најмладите. Повозрасните граѓани велат дека празничниот амбиент кај нив буди спомени, топлина и чувство на заедништво.
Новогодишното украсување, велат граѓаните, е повеќе од декорација – тоа е симбол на надеж и нов почеток. Во празнична атмосфера и семејна топлина, штипјани подготвени ја пречекуваат Новата година.
Иван Митев, М-Нет