
Депресијата, анксиозноста на младите, самоубиствените нагони се клучните мотиви проткаени во претставата „Сите прекрасни нешта“ каде сите заинтересирани ќе можат да ја проследат утревечер во просториите на теататрот „Ацо Шопов во Штип со почеток во 20:00 часот
„Во самиот текст се преплетуваат наративни форми заедно со дијалошки форми, самата претстава нема линеарно време целата се раскажува преку сеќавања на еден 35 годишен човек, сеќавања за неговиот живот кои што се убави сеќавања и лоши сеќавања, се со цел да се потенцира проблемот на менталното здравје.„ изјави Витошевиќ
„Во улогата на синот како возрасен е Ефтим Трајчов Ѓаурски, синот како дете го игра Стефанија Митовска, мајката ја игра Марија Менчева Андонов, таткото го игра Милорад Анѓелов, тетката ја игра Ангела Нашкова, чичкото го игра Дарјан Петров, девојката на синот е Ава Хусеини, на клавир е Јована Гркова, а на виолончело е Максим Нисев и сценографијата ја направил Васил Христов.“
Актерите се децидни дека претставата ќе го зголеми нивото кај публиката за младите како и нивното справување со паничните напади, депресијата и анксиозноста.
„Јас ја играм улогата на мајката која ги има тие самоубистевни нагони и депресија. Мислам дека после оваа претстава многу луѓе ке излезат свесни за проблемите кои што ги имаат особено младите со овие депресии, анксиозности и панични напади“ посочи Менчева Андонов.
„Во претставата го играм таткото, кончено веќе сум и пораснат добивам сериозни улоги така да и е нормален од процес од момче, татко се надевам дека еден ден ќе бидам и дедо.„ вели Анѓелов
„Мислам дека утре многу луѓе ќе се препознаат и ќе се поврзат со претставата така едвај чекам да ги видиме рекациите на публиката и како ќе испадне се“ вели Митовска
Директорот во оваа прилика изјави дека честа е огромна што токму млади таленти и музичари ќе бидат дел од еден ваков професионален проект.
„И ни е чест да имаме вакви млади таленти музичари да учествуваат во еден професионален проект, така ќе се стекнат со едно ново искуство“ вели Трајков
После долгото и мактропно работење кое што траело повеќе од месец дена како одржувањето
на пробите во времетраење по седум часа во текот на денот се очекува претставата да наиде на голем интерес кај публиката.
Лаура Стојанова, М-Нет