
Официјално од 15 октомври започна грејната сезона, а училиштата во Штип се подготвени за претстојната зима. Сите основни и средни училишта имаат доволно количества нафта, а системите за греење се вклучуваат во раните утрински часови, пред доаѓањето на учениците. Засега, просториите се загреваат по час, два, по што греењето се исклучува за да не се троши непотребно енергија. Како што информираше Снежана Санева од Секторот за образование, при Општина Штип со посериозното заладување, греењето ќе се вклучува подолго, согласно потребите.
,,Секако грејната сезона од 15 октомври и официјално започна. Сите училишта и основните и средните се подготвени за гејната сезона, односно има доволно количини на нафта, снабдени се и веќе започнуваат со користењето на истата, обично тоа е во раните утрински часови додека да дојдат учениците, половина час пред тоа, техничките служби ги пуштаат системите за греење, така што кога доаѓаат учениците во училниците е пријатно и може да се изведува настава. Така ќе биде во извесен период, додека се започне со сериозно заладување, тогаш периодот на греење ќе биде и подолг, меѓутоа сега значи час, два се грее и потоа се запираат истемите, за да не се троши непотребно енергија.“, вели Санева
Во некои училишта, додека температурите не се ниски, за затоплување се користат и клими, паралелно со системот за греење. Од Општината велат дека училиштата навреме се снабдуваат со нафта и не се очекуваат проблеми со греењето во текот на зимата.
,,Општината има рамковна спогодба со добавувач на нафта и училиштата пријавуваат кога имаат набавка на нафта и се врши дотур, така што не би требало да постои проблем во набавката на нафта и во затоплувањето на училиштата. Има училишта во кои и климите се користат паралелно со системот на греење.“, додава Санева
Во училиштата се се одвива според планираното, а со снабдената со нафта и користењето на системите за греење, на учениците им се обезбедени соодветни услови за следење на наставата.
Иван Митев, М-Нет