Потребна е помош за ЗОО Штип, дивите животни најспецифични овде

Тешки условите во Зоолошката градина во Штип, во однос на храната за животните и нивната безбедност. Може да биде многу подобро, вели Зоран Божиков, раководител на ЗОО Штип, меѓутоа потребана е помош и вклучување на приватниот сектор. Моментално во оваа зоолошка градина останаа само животни кои се прилагодуваат на овдешните услови, додека останатите како мечето, ноевите се вратени или препратени во други зоолошки.

„Порано имавме повеќе животни вклучувајќи ја мечката, два ноја кои сега се во ЗОО Скопје. Од оние кои останаа имаме пони коњче три броја, имаме диви овци, домашни овци, кози од поголемите животни, друго имаме два пауни, повеќе врсти на украсни птици, зајци“ – кажа Божинков.

Дивите животни кои се жители на оваа золошка градина се вбројуваат во најспецифични, кои бараат поголем напор и внимание во нивното одгледување.

Според Божинков, зимата за животните во ЗОО Штип не помина лошо, со оглед на фактот дека тие биле подготвени да им ги обезбедат неопходните услови.

Зоолошката градина во Штип во главно е доста посетена, истакна Божинков, влезот е слободен, а местото предизвикува атракција, и тој се надева дека во иднина ќе биде по развиено и подобро обезбедено.

Лаура Стојанова М-Нет